Студентите во Германија мора да ја избричат брадата за заштита од ковид
За заштита од коронавирусот, универзитетот во Грајсфалд, во Германија на своите студенти им забрани да носат бради. Студентите преку мејл се известени за новото правило.
Оние кои досега носеле брада ќе мораат да се избричат бидејќи, како што кажале раководителите на универзитетот, брадата спречува правилно носење на Н95 маските. Можат да носат само мустаќи.
Повеќе европски земји ги олеснуваат мерките. Чешка веќе не бара ковид потврди. Олеснувања има во Италија, Швајцарија, и скандинавските земји. Според СЗО, во Европа се намалува бројот на заразени и починати.foto freepik.com
Слично
