Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студент заработува продавајки воздух

Студент заработува продавајки воздух
Еден француски студент заработил неколку илијади евра продавајки лименки со свеж воздух. Антоан Дебли, одлучил да им понуди на луѓето лименки со воздух ,со влумен од 250 милилитри во својот роден град Monkjuk ,во југозападна Франција. Ова 22  годишно момче ја објавило идејата на еден француски сајт за собирање на средства за проектот KissKissBankBank  и се изненадил кога собрал 800 евра само за неколку недели. Откако  го изработил сајтот и понудил „100%  био производ‘‘ по цена од 4,8 евра со поштарина од 5.4 евра , интересот пораснал и за три недели добил 1000 нарачки. Секој кој што сака да купи ваков воздух, треба да побрза , бидејки Антоан продава само 10 литри неделно ,само за да не ги потроши ресурсите.
Слично

Поврзани вести