Студент заработи 24.000 долари држејќи го овој натпис
Студент од американски колеџ успеа да освои брзо 24.000 долари , мавтајќи го овој натпис на телевизија .
Која е историјата , раскажува Business Insider :
Вчера, за време на Денот на колеџ игрите, емитувано на ESPN , студент држеше над главата постер со логото на бит - монетите и QR код кој претставува секаков тип на информации ( најчесто URL за веб-сајтови) .
Во овој случај, QR кодот покажуваше биткоин портфеил . Во Reddit многу фанови на виртуелната валута го споделија кодот од екранот , со што луѓето можеа да го идентификуваат портфеилот и да направат донација . Сликата брзо се рашири меѓу биткоин заедницата и веројатно многумина видоа можност за голема реклама .
Така студентот доби 22 биткоини во рамките на околу 100 трансакции . Имајќи ја предвид цената на валутата од околу 1.100 долари, донациите за студентот се проценуваат на 24.000 долари.

Слично