Студено „не“ од Германија за САД
Германија е воздржана за учество во мисија во Ормускиот Теснец.
Земјата не е подготвена да се придружи во воената мисија во Ормускиот Tеснец што ја предложи САД. Сепак, таа би се сложила да учествува во Европска мисија, соопштија денеска од канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел.
Портпаролката на Владата Улрике Демер рече дека Берлин продолжува да ги поддржува дипломатските напори за намалување на тензии кои сериозно се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година се повлече од нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили постигнат во 2015 година.
Слично
