Студен туш за руските туристи во Турција
Затоплувањето на руско-турските односи и укинувањето на туристичкото ембарго од претседателот, Владимир Путин поттикна илјадници туристи од Русија да заминат на одмор, но поскапувањето на авионските билети за нив беше студен туш.
Веста ја соопшти Здружението на туроператорите во Русија АТОР на својот сајт. Информацијата е пренесена во турските медиуми, и прифатена од хотелиерите во Турција со загриженост.
АТОР се повикува на извештај на агенција Авиакасса, според кој веднаш по тргнување на забраната за резервирање на туристички пакети за Турција, интересот на руските туристи адресите се зголемил, но паралелно со тоа се зголемија и цените на авионските билети.
Според РИА Новости во последните денови на јуни компанијата „Pegasus Airlines" продавала повратен билет до Анталија за 7 500 рубљи, но од 1 август ќе ја зголеми неговата цена до 9 800 рубљи. Тоа значи дека поскапувањето е над 30%.
Азербејџанските авиолинии исто планираат да ја зголемат цената во август со 26, 4% и еден билет ќе чини 13 500 рубли. Директен лет со „Аерофлот" до Анталија ќе чини 21 400 рубли, а со турските авиокомпании - 48 000 рубли. Во просек за 25% поскапува и билетот од Санкт Петербург до Анталија, но од 1 август „Аерофлот" ќе продава за 37, 9% поскапи билети, така што билетот ќе достигне сума од 17 500 рубли.
