Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТУДЕН БРАН ВО ЕВРОПА: Починаа над 50 луѓе во повеќе земји

СТУДЕН БРАН ВО ЕВРОПА: Починаа над 50 луѓе во повеќе земји

Над 50 лица загинаа од студениот бран на стариот континент. 

Студениот бран во западна и централна Европа загинаа најмалку 51 лице, соопшти Франс прес.

10 лица починаа од студ во Полска во неделата, каде температурите во некои области останаа под -20 степени. Во петокот и саботата студениот бран беше причина за смрт на уште 10 лица во земјата.

Во Чешка од петокот наваму загинале најмалку 6 луѓе, од кои повеќето - бездомници. Во Италија жртвите на студениот бран се 8, од кои 5 бездомници.

Вчера во Франција при несреќа со автобус, предизвикана од лошото време, загинаа четворица , а дваесетина се повредени.

Во Украина и Белорусија студениот бран однесе 13 животи, пренесе ДПА. Таму температурите паднаа под - 20 степени Целзиусови.

Во Русија нема жртви на студеното време, пренесува БТА. Таму викендов температурите паднале до -30 степени во главниот град и на други места. Во следните денови се очекува сепак зголемување на температурите. 


Слично

Поврзани вести