СТУД ВО ЕВРОПА: Починаа најмалку 46 луѓе, повеќето бездомници
Поради студениот бран во Европа починаа најмалку 46 луѓе, а поголем дел од нив се бездомници.
Најмалку осум луѓе без постојано место на живееење, по тројца во Франција и Чешка и двајца во Италија починаа поради студот.
Студот е причина за смрт на 18 лица во Полска, шест во Чешка, петмина во Литванија, четири во Франција и Словачка, двајца во Италија, Романија, Србија и Словенија и еден во Холандија. Во Естонија од студот починаа седум луѓе.
Минатата ноќ се регистрирани рекордни температури, така што во Швајцарија се измерени минус 36 степени во Глаталп, место на надморска висика од 1.850 метри.
Студениот бран во Европа британските медиуми го нарекоа „Ѕверот од Истокот“, Холанѓаните – „Сибирска мечка“, Швеѓаните – „Снежен топ“, а во Франција е познат под називот „Москва-Париз“.
