Строги мерки на безбедност во центарот на Берлин за Нова Година
Најголемиот празник во Германија - Нова Година на Парискиот плоштад со Бранденбуршката порта, ќе помине меѓу строги мерки за безбедност во Берлин.
За прв пат ќе бидат забранети ранци, торби и паричници. Полицијата планира да намести 13-километарска ограда на широката улица, водечка од портата низ паркот Тиргартен. На празникот се очекуваат стотици илјади туристи и гости на градот. Деветстотини полицајци ќе се погрижат за нивната безбедност. Тоа е многу повеќе во споредба со други години.
За прв пат на празникот ќе бидат дозволени само мали торби. На шесте влеза во зоната на празникот сите посетители ќе бидат подложени на контрола, за кој ќе се погрижат 600 помошници на полицијата.
Парискиот плоштад пред Бранденбуршката порта ќе биде затворен од 14 часот на 31 декември.
Причината за посебните мерки за безбедност е предупредување за можни терористички акти на Нова година во европските метрополи. На 25 декември полицијата на Австрија рашири пораката дека на „местата со голем број на луѓе помеѓу Божиќ и Нова Година можно е да има терористички акти со експлозиви“.
Берлинските тајни служби сепак не ја коментираа пораката.
„Германија, како и другите европски држави, се јавуваат како мета за меѓународниот тероризам“, коментирал во вторникот, министерот за одбрана на Германија, Томас де Мезер. Во таен извештај на Министерството за надворешни работи на Германија, цитиран од „Bild“, се вели дека за време на терористичките акти е можно „примената на необични експлозивни материјали и апарати“, а исто така, дека „терористичките акти можат да се остварат со примена на огнено оружје или други опасни објекти“.
За „Bild“ шефот на Германскиот синдикат на полицајците Рајнер изјавил: „Ако јас бев во Берлин, се разбира, би отишол на овој празник заедно со своето семејство. И тоа токму во такви времиња како сегашните. Бидејќи, ако се плашиме, тоа терористите може да го сметаат за победа и дека го постигнале целите на своите терористички акти“.
„Тероризмот е реалност. Затоа еден од виталните ризици се јавува можноста да станеш жртва на терористички акт, дури и ако германските тајни служби прават сé за тоа да не го дозволат“, коментирал тој.
Токму Рајнер инсистирал за посебни мерки за безбедност за време на празнувањето на Нова година пред Бранденбуршката порта во Берлин.
„Тајните служби треба да го контролираат влезот на такви настани за можни исламистички носачи на опасност“, побарал шефот на полицискиот синдикат. Според него Нова година во Берлин е добра можност за почеток на спроведување на слични мерки во животот.
