Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРОГА КАЗНА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА КОВИД МЕРКИТЕ: Пет години затвор зошто заразил осум други луѓе

СТРОГА КАЗНА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА КОВИД МЕРКИТЕ: Пет години затвор зошто заразил осум други луѓе

Судот во Виетнам осуди маж кој го пренел вирусот корона на осум свои сограѓани од кои едниот починал. Тој доби пет години затворска казна бидејќи ги прекршил строгите мерки за карантин, објавија државните медиуми.

Ле Ван Три (28) е осуден за „ширење опасна заразна болест“ во Народниот суд во јужната провинција Ка Мау. Виетнамската новинска агенција наведува дека Ле Ван Три патувал во Ка Му од градот Хо Ши Мин, со што го прекршил правилото за карантин од 21 ден.

Тој заразил осум лица, од кои едно почина како последица на инфекцијата по еден месец лекување, пренесува Ројтерс.

Виетнам е една од земјите што успешно се бореше со корона вирусот за време на пандемијата благодарение на целно масовно тестирање, интензивно следење на контактите, строги ограничувања на границата и карантин, но новите жаришта доведоа до зголемување на нови случаи од крајот на април.

Ка Мау, провинција во јужен Виетнам, има пријавено 191 случаи и два смртни случаи од почетокот на пандемијата, додека во градот Хо Ши Мин, кој е еден од најголемите жаришта во земјата, заразени се скоро 260.000 луѓе, додека 10.685 починале.

Виетнам во моментов се соочува со големо ширење на вирусот, и од вкупно 536,000 случаи и 13,385 смртни случаи, а наглото зголемување е регистрирано во изминатите неколку месеци.


Слично

Поврзани вести