СТРЕЛКОВ ОДИ ВО ЗАТВОР: Критичарот на Путин ќе помине четири години зад решетки
Критичарот на рускиот претседател Владимир Путин, Игор Стрелков оди во затвор.
Судот во Холандија на крајот од минатата година пресуди дека Русија имала контрола над сепаратистите во источна Украина кога авионот на Малезија ерлајнс беше соборен во 2014 година, при што загинаа сите 298 луѓе во него. Авионот на летот MH17 летал од Амстердам за Куала Лумпур.
Стрелков беше еден од клучните луѓе на Путин за преземање на Крим. Тој со група вооружени лица пристигна на Крим, каде според неговото признание, со закани со оружје ги принудиле локалните претставници да гласаат за референдум за отцепување.
По референдумот тој го напушти Крим, но набрзо повторно влезе во Украина, овој пат во регионот на Доњецк, повторно со група вооружени лица. Неговиот тим ги окупираше административните згради во Славјанск и го прогласи создавањето на „Доњецка народна република“. Гиркин дури беше и министер за одбрана на ДНР.
