СТРАВОТ ОД БЕГАЛЦИ ОПРАВДАН: Еден од напаѓачите во Париз поминал низ Грција во група со бегалци
Осомничен за терористичките напади во Париз, кај кој е пронајден сиријски пасош, во октомври преминал низ Грција во група од неколку десетици мигранти.
Личноста со сиријски пасоши која е осомничена за терористичките напади во Франција стигнала на 3 октомври на грчкиот остров Лерос , рекол грчкиот министер Никос Тоскас.
„Сакаме да соопштиме дека сопственикот на пасошот пронајден во Париз преминал низ грчкиот остров Лерос на 3 октомври каде е идентификуван врз основа на правилата од ЕУ...“ рекол Тоскас.
Додал дека властите во Грција не знаат дали пасошот е проверен во уште неоколку земји низ кои напаѓачот поминал додека стигнал во Франција.
Грчката полиција соопштила дека сопственикот на пасошот бил млад маж кој на Лерос стигнал со група од 69 бегалци и кој таму е идентификуван со отисок на прстот.
Како што пренесе Ројтерс, полицијата не сакала да го соопшти неговото име.
Инаку, француската полиција идентификувала тројца напаѓачи, од кои еден е државјанин на Франција.
Сирискиот пасош е пронајден кај телото на еден од бомбашите кои изминатата ноќ извеле напад на парискиот стадион „Стад де Франс“. Кај телото на другиот напаѓач е пронајден египетски пасош.
