Стравот ja „потхранува“ ПЕГИДА веќе две години
Koга ПЕГИДА започна со активности во октомври 2014 година, едвај неколку стотици луѓе излегоа на протест против „исламизацијата на Западот".
Нивниот број порасна до илјадници минатата година. Тој е намален сега, кога организацијата наближува кон својата втора годишнина, но ПЕГИДА е уште тука, пишува ДПА.
Антиисламистичкото движење одби да згасне, иако веќе не собираат по 25.000 учесници, како порано.
„Дрезден го покажува патот напред" е одамна омилен слоган на движењето, кое се раширило брзо низ други центри во Германија и го привлекло вниманието на крајнодесничарските движења во Европа.
Сега целта е „диктатурата на Меркел", која ја сметаат за деструктивна за народот на Германија поради миграциската политика.
„Ако не ја сакаш Германија, треба да ја напуштиш Германија" - велат тие.
Стравот е она што ја „храни“ ПЕГИДА - стравот кој приврзаниците на движењето го чувствуваат кон странците.
