Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА ВО ПОДНОЖЈЕТО НА ХИМАЛАИТЕ: Преполн автобус летнал во клисура, има мртви!

СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА ВО ПОДНОЖЈЕТО НА ХИМАЛАИТЕ: Преполн автобус летнал во клисура, има мртви!

Најмалку 47 луѓе загинале во Индија кога преполн автобус излетал од планинскиот пат во клисурата, пренесоа светски медиуми.

Автобусот паднал во клисурата во подножјето на Хималаите, длабока 213 метри. Повеќе од 10 луѓе се повредени, а некои од нив се во животна опасност.

Спасувачите досега извлекле 20 тела, а нивните напори ги отежнуваат тешките временски услови.

Во автобусот со 28 седишта биле околу 45 патници а засега не е позната причината за несреќата.

Според наводи на еден полициски претставник, дождот во таа област паѓа од утрото.

Индиските патишта се меѓу најопасните на светот, а во несреќите во таа земја животот годишно го губат повеќе од 110 000 луѓе. Причина се лошиот квалитет на патишта како и неодржување на возилата и невнимание на возачите. 

Слично

Поврзани вести