СТРАВ ВО ТЕЛ АВИВ: Воени авиони го надлетуваат градот
Во период кога има огромна напнатост на големите сили САД и Русија за нападите над Сирија, бројни израелски воени авиони летаа долж брегот и над главниот град Тел Авив.
Силната врева ги вознемири граѓаните на Тел Авив кои не биле инфирмирани дека големиот број воени авиони го надлетуваат градот како вежба за големата парада по повод денот на независноста на 19 април.
,,Нема никаква вонредна состојба. Станува збор за вежба”-,соопштија од полицијата.
Веднаш потоа војската се извини на граѓаните, а имаше и најава за термините на следните пробни летови поврзани со парадата.
Слично
