Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАВ ОД ТЕРОРИЗАМ, ШПИОНАЖА И МИГРАНТИ: Единаесет земји во ЕУ поставија рампи на премините, контролирани од армија вооружена до заби!

СТРАВ ОД ТЕРОРИЗАМ, ШПИОНАЖА И МИГРАНТИ: Единаесет земји во ЕУ поставија рампи на премините, контролирани од армија вооружена до заби!

Уште пред терористичкиот напад во Белгија, а особено по тој трагичен настан, се поголем број земји од Европската унија почнаа да воведуваат привремени контроли на своите граници. Во рамките на овие мерки, Италија распореди војска до заби вооружена на границата со Словенија - пишува хрватски „Јутарњи“ кој ги испрати своите известувачи на границата на двете земји. Слична акција имаше италијанската армија пред три години, кога испрати 50 војници да помогнат во кампањата „Безбедни патишта“, со цел да се внимава на илегалната миграција долж границата со Словенија. По Италија, на 21 октомври, словенечката влада воведе гранични контроли со Унгарија и Хрватска. Како и Италија најавија дека контролите треба да траат најмалку 10 дена.

На сите 27 земји-членки на Шенгенот им е дозволено привремено да воведат гранични контроли „во случај на сериозна закана за јавниот ред или внатрешната безбедност“. Во моментов, според Европската комисија, 11 земји-членки на Шенген спроведуваат некаква форма на гранична контрола.

Австрија: до 16 ноември ги продолжува контролите на границата со Чешка поради големиот притисок на мигрантите и зголемувањето на трговијата со луѓе; до 12 ноември беше продолжена контролата на границата со Словенија и Унгарија поради закани за шверц на оружје и луѓе поврзани со војната во Украина. Со Словачка продолжен до 2 ноември.

Германија: до 14 ноември, продолжени контролите на границата со Полска, Чешка и Швајцарија поради миграциската ситуација на источниот медитерански пат, балканската рута и источната рута. Контролата на границата со Австрија е продолжена до 12 ноември; укината е зголемената контрола на границите со Данска.

Словенија: до 21 октомври воведе контрола на границата со Хрватска и Унгарија поради безбедносни закани, ситуацијата на Блискиот Исток и Украина, поради неодамнешните терористички напади во ЕУ, зголемениот безбедносен ризик од организираниот криминал на Западен Балкан и насилните екстремизам, ризик од инфилтрација преку приливот на мигранти.

Данска: контроли до 12 ноември поради значителна закана од терористи и организиран криминал, несигурност во Европа поради руската инвазија на Украина и зголемувањето на илегалната миграција. Контролите ќе бидат концентрирани на границата со Германија и на пристаништата поврзани со Германија со фериботи.

Италија: до 30 ноември воведе контроли на границата со Словенија поради зголемената закана од насилство во ЕУ по нападот врз Израел, ризикот од можна инфилтрација на терористите, постојаниот притисок на мигрантите по море и копно и зголемување на прилив на мигранти преку централната медитеранска рута.

Норвешка: до 12 ноември, продолжена гранична контрола во пристаништата со фериботни врски со членките на ЕУ поради закани за поморската и копнената инфраструктура и поради заканата од шпионажа.

Чешка: до 2 ноември контрола на границата со Словачка, поради значителното зголемување на имиграцијата и зголемувањето на активностите на организираните шверцери, влошувањето на мигрантската и безбедносната состојба на надворешните граници на ЕУ.

Полска: до 2 ноември на сила се контролите на границата со Словачка поради посилниот мигрантски притисок на балканската рута.

Словачка: до 3 ноември контроли на границата со Унгарија, поради интензивен миграциски притисок долж балканската рута и сериозни закани за домашната безбедност и јавниот ред

Шведска: Одлуката за контрола на сите граници е продолжена до 11 мај 2024 година поради закана од исламски тероризам, неодамнешни закани од терористички организации, сериозна закана за внатрешната безбедност.

Франција: до 30 април 2024 година, одлуката за гранична контрола е продолжена поради новите терористички закани и ситуацијата на надворешните граници на ЕУ. Французите ги воведоа контролите на 1 мај поради потенцијални терористички закани на Светското првенство во рагби во септември и октомври 2023 година и порастот на имиграцијата.

Слично

Поврзани вести