Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАВ ОД РУСИЈА: Секој трет Германец се плаши од војна со Москва

СТРАВ ОД РУСИЈА: Секој трет Германец се плаши од војна со Москва

Заладените односи меѓу Москва и Западот предизвикуваат страв кај Германците од евентуален воен конфликт. 

И покрај плановите на НАТО, нема  вознемиреноста  да исчезне така лесно.  Ова го покажува истражувањето на „Форс", нарачано од списанието „Штерн“. 

Според податоците близу 1/3 од Германците се плашат од избувнувањето на војна со Русија. Меѓу поддржувачите на десноориентираната партија „Алтернатива за Германија" (AFD) овој страв е најсилно распространет - близу 63% од симпатизерите  сметаат дека воен судир со силите на Руската Федерација е целосно можен. Според анкетата за 64% од сите испитаници сепак, преземањето на слични активности не е толку веројатно.

Канцеларката Ангела Меркел сепак внесува спокој во напнатата ситуација. Резултатите покажуваат дека политиката на Меркел кон претседателот на Русија, Владимир Путин и пристапот  при спроведување на дијалог со него се пречекани со одобрување од 95% од приврзаниците на „Зелените", 92% од левичарските гласачи и 87% од симпатизерите на AFD.


Слично

Поврзани вести