СТРАВ ОД НАПАДИ: Стејт департментот ги повика американците да бидат внимателни
Стејт департментот ги повика американските граѓани кои живеат надвор од границите на Америка да „задржат високо ниво на будност и да преземат соодветни чекори за зголемување на својата безбедност“, по терористичките напади во Франција, Австралија и Канада.
„И понатаму постои загриженост поради продолжувањето на заканата од терористички напади, демонстрации и други насилни акции против американските граѓани и интересите во странство“, се вели во соопштение на Стејт департментот кое го пренесе „Ројтерс“.
Во соопштението исто така, упатен е повик до американските граѓани да не патуваат во странство.
Слично
