СТРАВ ОД НАПАДИ: Се зајакнува безбедноста на аеродромите со директни летови до САД
Се зајакнува безбедноста на сите меѓународни аеродроми од каде има директни летови за САД. Мерката се презема во соработка со американски експерти за безбедност, бидејќи постои загриженост заради разузнавачките информации според кои оперативците на Ал Каеда во Сирија и во Јемен подготвуваат бомби коишто можат да се прокриумчарат во авион.
Не се прецизира кои точно аеродроми ќе бидат опфатени, но неофицијално се работи за објекти во Европа и на Блискиот Исток.
САД и европските власти веќе разговарале за мерки коишто би можеле да вклучуваат посебни контроли на електрониката и облеката на патниците кои патуваат кон САД, како и поставување дополнителни уреди за откривање бомби.
Слично
