СТРАВ ОД ЏИХАДИСТИТЕ: Австрија менува закон стар еден век!
Новиот закон за исламски организации во Австрија ќе им забрани на муслиманските организации во оваа земја да примаат парични средства од странство. Ова директно ќе ги погоди имамите кои работат во Австрија, а кои голем дел ги финансира Турција.
Амандманот на законот е насочен кон ограничување на моќта на „надворешното влијание“, истакна австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.
Австрија има 300 имами, од кои 65 директно ги финансира Турција. Со измена на законот, тие практично ќе станат илегалци во нивната работа. Измените ќе ги принудат муслиманските организации барем еден од предметите во верските училишта да го предаваат на германски јазик.
Религиските заедници кои Австрија ги признава, по измените ќе мора да достават копија од единствена доктрина и извор на верата, значи Куранот, на германски јазик до австриските власти.
Нацрт-законот наскоро влегува во расправа, а се очекува да стапи на сила од почетокот на 2015 година. Австрискиот Закон за исламот досега се сметаше за симбол на толеранција, а донесен е уште во далечната 1912 година.
Слично
