Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАВ ОД ЦУНАМИ: Земјотрес од 7,2 степени ја погоди Централна Америка

СТРАВ ОД ЦУНАМИ: Земјотрес од 7,2 степени ја погоди Централна Америка

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени е забележан во близина на западниот брег на Никарагва, а е издадено и предупредување за цунами.


Во таа земја е прогласена и вонредна состојба.


Потресот ја погодил Никарагва, Ел Салвадор и уште неколку земји во тој регион. Владата на Ел Салвадор соопштила дека постои опасност од цунами. Цивилната одбрана на таа земја наложила евакуација на крајбрежните подрачја.


Страшни цунами бранови се можни во подрачјето од 300 км од епицентарот долж бреговите на земјите од Централна Америка.


Земјотресот е регистриран на длабочина од 33 км, а 154 км југоисточно од областа на Пуерто Триунфо во Ел Салвадор. Засега нема информации за материјалната штета и повредени.

Инаку, во ова подрачје беснее ураганот Ото поради што неколку илјади луѓе се евакуирани.

Слично

Поврзани вести