Економија, финансии, бизнис

Контакт

Страв на улиците на Венецуела: Ги запираат луѓето и им ги проверуваат телефоните

Страв на улиците на Венецуела: Ги запираат луѓето и им ги проверуваат телефоните

Безбедносните сили приведоа најмалку 14 новинари во Венецуела во понеделник додека известуваа за настаните по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, објави денеска Би-Би-Си.

Синдикатот на медиумските работници во Венецуела соопшти дека сите притворени новинари, освен еден, работеле за странски медиумски организации и биле ослободени подоцна во понеделник, а еден новинар бил депортиран. Странските медиуми долго време се соочуваат со ограничувања во Венецуела, која издава дозволи само на мал број за работа во земјата.

Приведувањето на новинарите се случи откако Делси Родригез положи заклетва како привремена претседателка и кратко потоа изјави дека е подготвена да соработува со администрацијата на Трамп, за која рече дека ќе „управува“ со Венецуела. Синдикатот соопшти дека венецуелските безбедносни сили привеле новинари во главниот град Каракас во близина на зградата на парламентот и во областа Алтамира.

Еден колумбиски и еден шпански новинар се приведени и на границата на Колумбија со Венецуела во близина на Кукута.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести