Економија, финансии, бизнис

Контакт

Страотни поплави во Бразил: Пороите носат сѐ пред себе (ВИДЕО)

Страотни поплави во Бразил: Пороите носат сѐ пред себе (ВИДЕО)

Најмалку 18 лица загинале во лизгање на земјиштето и поплавите откако бранот обилни дождови стигна до планинскиот регион Рио де Жанеиро во Бразил, а властите стравуваат дека бројот на жртви може да биде уште поголем, додека спасувачите интервенираат и ги проверуваат загрозените области утринава. 

Државната противпожарна служба доцна синоќа соопшти дека повеќе од 180 војници веќе оперираат во погодениот регион Петрополис, каде што стотици луѓе загинаа по катастрофалните поплави во 2011 година, пренесува АП.

Пожарникарите соопштија дека во областа Петрополис вчера наврнале 25,8 сантиметри дожд за само три часа - речиси исто како и претходните 30 дена вкупно.


Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како автомобили и куќи исчезнуваат во лизгање на земјиштето и вода што се врти и порои кои минуваат низ градот Петрополис и соседните окрузи.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа во Русија, на Твитер напиша дека им наложил на своите министри веднаш да им дадат поддршка на луѓето во погодените области.

„Господ да ги утеши семејствата на жртвите“, порачал Болсонаро.


Слично

Поврзани вести