СТРАТЕШКА ИГРА: Еве каде русите имаат воени бази низ светот
Руските воени објекти претежно се наоѓаат на територија на поранешешниот СССР. Тоа главно се воздушни бази, воздушни ракетни штитови како и системи за следење на ситуацијата во свемирот.
Спрема податоците од Министерството за одбрана, вкупната површина на овие објекти изнесува повеќе од 700 000 хектари.
По референдумот во Крим од минатата година, кога полуостровот повторно беше присоединет со Русија, воените руски сили ја презедоа контролата над сите објекти од руската Црноморска флота.
Руските воени објекти во странство кои имаат статус на воени бази се наоѓаат во Белорусија, Казахстан, Таџикистан , Ерменија, како и во Сирија, Виетнам, Грузија, Јужна Осетија и Молдавија.
Во моментов една од најпознатите и најзначајните руски воени бази се наоѓа во Сирија, во провинцијата Латакија. Неа ја обезбедуваат околу 600 руски војници, а од ова место Русија војува со припадниците на Исламската држава.
