Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАТЕГИЈАТА НА ЕНДРЈУ ТЕЈТ-ТИНЕЈЏЕРКИ ОД РОМАНИЈА ОТКРИВААТ КАКО ИМ ПРИОЃАЛ: „Ми напиша „романска девојко“ и стави јаготка

СТРАТЕГИЈАТА НА ЕНДРЈУ ТЕЈТ-ТИНЕЈЏЕРКИ ОД РОМАНИЈА ОТКРИВААТ КАКО ИМ ПРИОЃАЛ: „Ми напиша „романска девојко“ и стави јаготка

Дарија Гуша имаше 16 години и сè уште беше на училиште кога вели дека добила порака на Инстаграм од Ендрју Тејт, поранешен професионален кик-боксер и инфлуенсер, речиси 20 години постар од неа, пишува Би-Би-Си, а пренесува adevarul.ro.

„Тој само напиша „Романска девојко“ и стави емоџи-јаготка. Бев збунета бидејќи имав само 200 следбеници и тоа беше приватен профил“, рече Дарија Гуша.

„Очигледно беше дека бевме средношколки“, рече Дарија Гуша, ќерка на Козмин Гуша. „Во описот го имав наведено средното училиште во кое одев. Мислам дека тој само се обидуваше да најде девојчиња што е можно поневини или наивни, според мое мислење“, додава таа.

Таа на новинарите на Би-Би-Си им покажа скриншот од пораката на која таа никогаш не одговорила.

Дарија, која моментално студира на универзитет во Британија, е ќерка на истакнат романски политичар и се чувствува слободна да зборува јавно, за разлика од другите кои одбиваат да зборуваат официјално.

Откако го сподели своето искуство, ќерката на Козмин Гуша вели дека многу млади луѓе ја обвиниле дека лаже и тврди дека многу млади луѓе на нејзина возраст го идеализираат Ендрју Тејт (36).

Браќата Тејт моментално се во притвор од 30 дена додека властите ги истражуваат наводите за силување и трговија со луѓе, кои и двајцата ги негираат.


Слично

Поврзани вести