СТРАТЕГИЈА: Како да се уништи ИСИС во три чекори
Поранешниот шеф на Британската кралска морнарица, Лорд Вест, тврди дека Исламската Држава може да се уништи во три чекори.
Тој смета дека меѓународните сили треба да се насочат кон уништување на ИСИС во Ирак, пред да тргнат во конечна офанзива во Сирија.
После тоа прво нешто што треба да се направат е да се убедат сунитските племиња да ја променат страната да се борат против ИСИС. Така, заедно со нападите на Курдите кои дополнително ги ослабеа силите на џихадистите, Вест смета дека ИСИС ќе нема шанса да ја добие битката.
Исламската држава најмногу удари трпи од водушните напади на меѓународните сили за борба против тероризмот.
По нападите во Париз, Франција, САД, Британија и Русија интензивно напаѓаат територии на ИСИС.
Со оглед на тоа дека терористите моментално ги преместува свои командни центри од Рака во Мосул за да избегне бомбардирање, чекор број два треба да биде токму - Мосул.
За да се одбрани од коалиционите трупи, но и тие на копното, на Исламската држава ѝ се потребни околу 10.000 борци. Се верува дека своето заповедништво го стационирала во болница во центарот на градот, и дека во Мосулскиот Универзитет се наоѓа лабораторија за хемиско вооружување.
Клучни мети во тој град би требало да бидат кампот за обука на ИСИС, центарот за одржување на возила, и Универзитетот, смета Вест.
И третиот чекор е Рака. Градот во кој до неодамна биле стационирани околу 20.000 војници и заповедништвото на ИСИС.
Освен тоа, Лорд Вест смета дека соработката со Башар ал Асад е неопходна во борбата против џихадистите. Тој смета дека лидерот на Сирија треба да се симне од власт, но не се уште додека проблемот со терористите не е решен.
