Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНО ВИДЕО ОД МАРОКО: Маж успеа да побегне од урната зграда во последен миг: Расте бројот на загинати (ВИДЕО)

СТРАШНО ВИДЕО ОД МАРОКО: Маж успеа да побегне од урната зграда во последен миг: Расте бројот на загинати (ВИДЕО)

Семејствата во Маракеш, збиени заедно, минаа втора ноќ на улица минатата ноќ. Најсмртоносниот земјотрес во Мароко во повеќе од половина век остави многумина да се плашат дека повеќе не е безбедно да се вратат во своите домови.

Неизвесноста зафати многумина во Маракеш, 70 километри североисточно од епицентарот, бидејќи се загрижени дека земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер, во кој загинаа повеќе од 2.000 луѓе, можеби ги оштетил нивните домови или дека последователен потрес може да ги уништи во наредните недели, часови или денови.

Од петочниот земјотрес, најлошиот земјотрес во северноафриканската земја од 1960 година, Мухамад Ајат Елхаџ (51) спие на улица со своето семејство во близина на историскиот центар, откако откри знаци на оштетување на неговиот дом, вклучително и пукнатини на ѕидовите.

Видео кое предизвикува морници

Застрашувачка снимка од Мароко, која се појави денеска на социјалните мрежи, прикажува човек како поминува низ премин додека силен земјотрес го погоди регионот.



За само неколку секунди зградата од која излегол почнува да се урива, а човекот трча и успева да избегне сигурна смрт!

„Не можам да спијам таму“

- Не можам да спијам таму. Барам надлежните да ми помогнат и да донесат стручно лице кое ќе процени дали можам да се вратам во куќата или не. Ако постои ризик, нема да се вратам во куќата - изјави тој за Ројтерс. Во многу делови на Мароко, луѓето беа на отворено во саботата вечерта по земјотресот што ја погоди земјата.

Според последните информации од официјалните лица бројот на загинати се искачи на 2.122, а други 2.140 се повредени, соопшти МВР.

Британскиот Sky News објави уште едно ново видео на кое се гледа како луѓето нормално се шетаат по улиците во близина на синагогата Слат ал Азам кога се случи земјотресот со јачина од 6,8 степени.

Кога ѕидот почнал да се руши и да се крева прашина, луѓето почнале да паничат и да бараат засолниште.

Некои од преживеаните се уште се борат за вода и храна

Меѓу преживеаните, сè уште има оние кои се борат да најдат храна и вода, бидејќи многумина се подготвуваат да ја поминат третата ноќ без засолниште.

Во Мулаи Брахим, село во близина на епицентарот, жителите опишаа дека со голи раце ги ископале мртвите од урнатините и сè уште чекаат да пристигне помош.

– Ги загубивме куќите, ги загубивме луѓето и два дена спиевме надвор – изјави Јасин Нумгар.

Жалејќи се на недостиг од вода, храна и струја, 36-годишникот рече дека досега само мала помош пристигнала од владата.

– Ние само сакаме нашата влада да ни помогне – рече тој.

Земјотресите би можеле да траат со недели, вели сеизмологот. Посебно предупредување за дел од населението на Мароко.

Реми Босу, директор на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар со седиште во Франција, вели дека земјотресот бил предизвикан од судирот на тектонските плочи што ги носат европскиот и африканскиот континент.

- Африканската плоча се движи кон Евроазија со брзина од 2 мм годишно - рече тој, додавајќи дека поради ова не е невообичаено да имаме земјотреси со голема јачина.

На прашањето за можни последователни потреси, тој вели дека тоа не се „можности“, туку „сигурности“.

- Набљудивме 20 последователни потреси кои се почувствуваа, има уште многу кои не се почувствуваа. Ќе има и други, би можеле да траат со денови или недели - додаде Босу.

Босу предупредува на ослабени згради во планините: „Особено во планините, луѓето мора да бидат многу внимателни бидејќи зградите можеби биле ослабени од претходните удари. Затоа, ако постои сомнеж, луѓето не треба да се враќаат во своите домови“.

Фото: Фото: EPA-EFE/Jalal Morchidi

Слично

Поврзани вести