Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ИНДИЈА: Најмалку 56 лица загинаа во лизгање на земјиштето, 101 лице е спасено (ВИДЕО)

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ИНДИЈА: Најмалку 56 лица загинаа во лизгање на земјиштето, 101 лице е спасено (ВИДЕО)

Најмалку 56 лица, меѓу кои две деца, загинаа денеска во лизгање на земјиштето во јужната индиска држава Керала, а 101 лице се спасени.

Официјални лица веруваат дека стотици луѓе се заробени, а државата исто така ја ангажирала армијата во операција за спасување и пребарување, со два хеликоптери, пренесува Hindustan Times.

Метеоролозите за денеска најавуваат пороен дожд. „Тајмс оф Индија“ пишува дека едно училиште во градот Калпета е претворено во засолниште, а обезбедена е и потребната храна и облека.


Службеникот задолжен за спасување изјави дека спасувачката операција била отежната бидејќи во областа немало интернет конекција.

Индискиот премиер Нарендра Моди разговараше со главниот министер на Керала Пинараји Виџајан и вети помош за погодените области.

Фото: Принсктин/Твитер

Слично

Поврзани вести