СТРАШНО: Џихадист ја убил својата мајка бидејки го молела да ја напушти „Исламска држава“
Во сирискиот град Рака еден од џихадистите на „Исламска држава“ јавно ја убил својата мајка, соопшти „CNN“.
Според информациите, 20-годишниот терорист Али Сакра ја застрелал својата мајка Кастлин ал-Касем пред очите на стотици луѓе во Рака . Тој сам ја предал на исламскиот суд од локалните водачи на терористичката група кои ја осудиле на смрт за предавство.
Жената членувала во сириска организација за човекови права и го замолила својот син Али Сакра двајцата да ја напуштат територијата на „Исламска држава“ и да заминат, бидејќи одмаздата на коалиција е неизбежна и таа ќе го пристигне секој џихадист од калифатот.
За синот сепак „Исламска држава“ останала поскапа од сопствената мајка.
Слично
