СТРАШНИ СНИМКИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО КИНА - зградите се тресат силно, луѓето не можат да избегаат
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди кинескиот град Сечуан во понеделникот, најсилниот што го погоди регионот од 2017 година, при што загинаа најмалку седум лица и го потресе главниот град на провинцијата, Ченгду, како што беше почувствуван и во другите провинции.
Некои патишта и куќи во близина на епицентарот беа оштетени од лизгање на земјиштето, додека комуникациите беа прекинати во најмалку една област, според државната телевизија.
Нема извештаи за оштетувања на брани и хидроцентрали во радиус од 50 километри од епицентарот. Епицентарот на земјотресот бил во Лудинг, соопшти кинескиот центар за земјотреси, планински град на околу 226 километри југозападно од Ченгду.
Земјотресите се чести во Сечуан, југозападна провинција, особено во планините на запад.
Тоа е тектонски активна област долж источната граница на висорамнината Кингхај-тибет.
Лаура Луо, која живее во Ченгду, град со околу 21 милион жители, се враќала во својот станбен блок кога видела луѓе во нејзиното соседство како панично трчаат од нивните облакодери откако добиле предупредување за земјотрес на нивните телефони.
- Имаше многу луѓе кои беа толку исплашени што почнаа да плачат - изјави меѓународен консултант за Ројтерс.
Кога почна тресењето „сите кучиња почнаа да лаат. Беше навистина страшно“.
Во Лудинг, земјотресот бил толку силен што на некои луѓе им било тешко да стојат, додека на некои куќи се појавиле пукнатини, јавува државниот медиум China News Service.
BREAKING : Massive 6.8 magnitude earthquake shakes Luding in southeast China
— Zaid Ahmd (@realzaidzayn) September 5, 2022
M6.8 earthquake strikes in Luding County in southwest China's Sichuan at a depth of 16km, according to the CENC. pic.twitter.com/AzaAR2nfsh
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓе се обидуваат да избегаат, но не успеваат поради силното тресење. Има и снимки од силно нишање на украси на згради додека луѓето брзаат од зградите кон улиците.
Вкупно 39.000 луѓе живеат на 20 километри од епицентарот и 1,55 милиони на 100 километри, според државната телевизија. Земјотресот беше најголем во Сечуан од август 2017 година, кога земјотрес со јачина од 7 степени ја погоди префектурата Аба.
Најсилниот регистриран земјотрес во Сечуан се случи во мај 2008 година, кога во земјотрес со јачина од 8 степени со епицентар во Венчуан загинаа речиси 70.000 луѓе и предизвика голема материјална штета.
Земјотресот во понеделникот беше почувствуван на стотици километри во провинциите Јунан, Шанкси и Гуиџоу, објавија државните медиуми.
Саманта Јанг (23), жителка на Ченгду, која неодамна дипломирала, вели дека само што завршила со ручекот и дека била во кревет за да дремне кога ги почувствувала потресите.
- Зградата постојано се тресеше, стануваше се посилно. Искрено, ова беше полошото од земјотресот во 2008 година - рече Јанг.
