Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ЊУ ДЕЛХИ: Се урна покривот на најголемиот аеродром, метален столб паднал врз такси, има мртви (ФОТО/ВИДЕО)

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ЊУ ДЕЛХИ: Се урна покривот на најголемиот аеродром, метален столб паднал врз такси, има мртви (ФОТО/ВИДЕО)

Покривот на најголемиот аеродром во индиската престолнина Њу Делхи денеска се урна под силен дожд и ветер, при што загина едно лице, а откажани се летовите, соопштија властите.

Дел од лакот во терминалот за поаѓање на аеродромот се урна рано утринава, при што беа повредени неколку лица, изјави за новинарите индискиот министер за авијација.

Целиот терминал, еден од трите на најпрометниот аеродром во земјата, е евакуиран и наредена е истрага за колапсот, изјави министерот Кинџарапу Рамохан Наиду.

Педесет домашни летови се откажани или одложени, според платформата за следење летови Flightradar24.


Осуммина повредени се пренесени во болница, изјави Атул Гарг, директор на противпожарната служба во Делхи.

Во три часот наврна огромна количина дожд

Индиската телевизија прикажа такси смачкано под скршен метален столб на влезот на терминалот, кој главно го користат нискобуџетните превозници IndiGo и SpiceJet за домашни летови.

Инцидентот се случил во 5 часот по локално време, што вообичаено е зафатено време за домашни летови, се вели во соопштението на аеродромот објавено на X.

Околу 148,5 милиметри дожд наврнале во аеродромската област за три часа, што е повеќе од просекот за цел јуни, соопшти индиската метеоролошка служба.

Поплавени се и многу други делови на Делхи, а автомобилите останаа заробени во вода висока неколку метри.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести