СТРАШНИ ПОДАТОЦИ: Во САД за едно деноноќие рекорден број починати
Во последните 24 часа во Соединетите Американски Држави починале 1.480 луѓе од коронавирусот.
Официјалната бројќа доаѓа од Универзитетот Џон Хопкинс, од каде велат дека ова
се најголем број смртни случаи во земјата досега. Таму, според последните
податоци има вкупно 7.406 пациенти кои починале од Ковид-19, додека бројот на
заразени луѓе се приближува кон 280.000.
Истовремено, од Шпанија соопштуваат пооптимистички податоци. Во последните 24 часа во земјата почибале 809 луѓе што е најниска дневна стапка на смртност во последните осум дена. Шпанија, која ја надмина Италија по број на заразени, сега брои нешто помалку од 125.000 луѓе. Таму до сега починаа 11.744.
Слично
