Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: шест лица загинале, десетина се повредни откако потонала туристичка подморница кај Хургада

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: шест лица загинале, десетина се повредни откако потонала туристичка подморница кај Хургада

Се стравува дека најмалку шест лица загинале, а уште девет се повредени откако туристичка подморница потонала утрово во водите на Црвеното Море во Египет, во близина на градот Хургада.

Дваесет и девет други луѓе се спасени. Повредените, меѓу кои четворица во критична состојба, се пренесени во блиските болници.

Се верува дека во подморницата имало околу 40 туристи.

Според екипите на Би-Би-Си во Каиро подморницата се вика Синбад и потонала во близина на пристаништето. 


Дел од медиумите јавуваат дека туристичката подморница по име Синбад превезувала 44 патници додека пловела во близина на брегот на Хургада.

Управата за безбедност на Црвеното Море добила дојава за потонување на туристичка подморница пред пристаништето на „познат хотел“ кој се уште не е именуван.

Патниците од „различни националности“ биле на патување за да ги видат коралните гребени во Египет пред да потоне бродот.

Според локалните медиуми, подморницата веќе неколку години оперира со туристички патувања во Хургада.

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Слично

Поврзани вести