Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНА СТАТИСТИКА, СО СЕКОЈ ЧАС НОВ БРОЈ НА МРТВИ: Скоро 20.000 загинати, над 50.000 повредени

СТРАШНА СТАТИСТИКА, СО СЕКОЈ ЧАС НОВ БРОЈ НА МРТВИ: Скоро 20.000 загинати, над 50.000 повредени

Бројот на загинати нагло се зголеми, сега ги има над 19.700. Се заканува уште поголема катастрофа, се наведува во новиот извештај објавен од официјални лица и спасувачи. Повеќе од 53.000 луѓе се повредени само во Турција.

Очајничката потрага по преживеани под урнатините продолжува четврти ден. Расте гневот во Турција поради бавниот одговор на владата на земјотресот. Градовите беа срамнети со земја. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба. Тој пристигна во погодените области дури вчера и призна дека има „недостатоци“ во одговорот на неговата земја на разорниот земјотрес.

Можеби до 23 милиони луѓе се погодени, вклучително и пет милиони луѓе од ранливите групи, посочува Светската здравствена организација (СЗО), која стравува од голема здравствена криза, особено поради ширењето на колерата во Сирија.

Стотици илјади луѓе од двете земји, Турција и Сирија, останаа без покрив над главата среде зима. Многумина ја поминаа ноќта во импровизирани засолништа на паркинзи на супермаркети, џамии, патишта или меѓу урнатините, честопати очајно барајќи храна, вода и топлина.

Властите соопштија дека околу 6.500 згради во Турција се урнати, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, која погодува околу 13 милиони луѓе.

Економската штета од земјотресот може да достигне „четири милијарди долари или повеќе“, според агенцијата „Фич“.

ФОТО: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Слично

Поврзани вести