Економија, финансии, бизнис

Контакт

Страшна статистика: Над 1,25 милиони луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи

Страшна статистика: Над 1,25 милиони луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи
Над 1,25 милиони луѓе гинат во сообраќајни несреќи во светот секоја година, а Африка е континент со најопасните патишта. Ова се вели во извештајот на Светската здравствена организација, посветена на безбедноста на патиштата кој го објавија денеска. Во документот се наведува дека бројот на жртвите во катастрофите останува стабилен во последните години, без оглед на сè повеќе зголемениот број на возила. Сепак сообраќајните несреќи остануваат водечка причина за смрта кај луѓето во возрасната група од 15 до 29 години. Последиците од несреќите освен тоа ги чинат владите на земјите околу 3% од бруто домашниот производ, пренесува „Франс прес“. Во извештајот се вели дека без оглед на тоа дека многу држави вложуваат повеќе напори за зајакнување на безбедноста на патиштата, вклучително преку законските измени и посигурните автомобили и патишта, ситуацијата во многу сиромашни земји се уште не е воопшто добра. Околу 90 проценти од загинатите во несреќите се од земјите со средно и ниско ниво на развој, иако на нивна територија беа едвај 54 отсто од автомобилите во светот. Во Африка смртноста кај сообраќајните несреќи е особено висока со над 26 загинати на 100 илјада луѓе. За споредба во Европа, каде што овој показател е најнизок, бројот е 9,3 на 100 илјада луѓе. Во документот се наведува дека половина од жртвите на сообраќајните несреќи во светот се пешаци или велосипедисти. Светската здравствена организација препорачува максималната брзина за возење во градски средини да е 50 километри на час, но забележува дека луѓето само во 47 држави почитуваат слично правило. Едвај 34 земји пак се потпираат на тоа да не се вози автомобил по употребата на алкохол. Како е во Македонија? Во апсолутни бројки, за првите шест месеци во 2015 година имаше 20 загинати, за разлика од лани, кога имало 15. Најголемиот дел од загинатите се пешаци. Во првите осум месеци, пак, земајќи ги и јули и август, од вкупно 27 загинати во Скопје, дури 15 се пешаци. Во просек во Македонја има 160-170 загинати лица годишно, а повеќе од 40 отсто од сообраќајките се на територија на главниот град.
Слично

Поврзани вести