Страшна сообраќајна несреќа во Украина, загинаа 27 лица
Во тешка сообраќајна несреќа во Украина во северозападната област Ровенска во која учествувале комбе, автобус и цистерна загинале најмалку 27 лица.
Во несреќата која се случила вчера вечерта по судирот избил и пожар.
- Само 12 од 38 патници од автобусот преживеале - изјавил украинскиот помошник министер за внатрешни работи Антон Герашченко.
Тамошните медиуми пишуваат оти оваа сообраќајна несреќа е најголемата која се случила на украинските патишта во изминатата деценија.
Слично
