Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНA СООБРАЌАЈKA ВО ГЕРМАНИЈА: Верижен судир на камиони и автомобили на автопат, згмечени возила

СТРАШНA СООБРАЌАЈKA ВО ГЕРМАНИЈА: Верижен судир на камиони и автомобили на автопат, згмечени возила

На автопатот А17 во германската покраина Саксонија синоќа се случила страшна сообраќајна несреќа поради верижен судар.

Локалната телевизија Sachsen Fernsehen на својата веб-страница објави видео од интервенцијата на пожарникарите, на кое се гледа уништен камион и неколку згмечени автомобили.

Се наведува дека верижниот судар се случил на автопатот што ги поврзува германскиот град Дрезден и чешкиот главен град Прага, во близина на границата на двете земји.

Регионалната веб-страница Таг24 објави дека во сударот учествувале десет возила и дека на излезот од автопатот во правец кон Дрезден се повредени 16 лица.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести