СТРАШНА НОЌ ВО МИЛАНО: Шест загинати во пожар во дом за стари лица
Шест лица загинаа, а десетици се повредени во пожар што синоќа избувна во дом за стари лица во Милано, соопштија пожарникарите.
„Шест лица се мртви, а многу луѓе отруени од издувни гасови се хоспитализирани. Пожарникарите спасија десетици корисници на домот“, објавија пожарникарите од Милано на Твитер.
Според нивните изјави, се уште не е позната причината за пожарот кој избувна околу 2 часот во домот за стари лица во центарот на Милано.
Според италијанските новински агенции, 81 лице е повредено, од кои двајца се во тешка состојба, а 170 се евакуирани. Меѓу шесте жртви има пет жени на возраст од 69 до 87 години и еден 73-годишен маж.
Две жени кои ја делеле собата изгореле во пожарот, додека другите починале од труење, наведува агенцијата АГИ.
Се чини дека пожарот избувнал во просторија во која изгореле двајца корисници, изјавил за новинарите на местото на несреќата градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, додавајќи дека две лица се во критична состојба.
Фото: Принтскрин/ Твитер