Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ТУРЦИЈА - Се преврте автобус полн туристи, шест лица загинаа, 25 повредени (ФОТО)

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ТУРЦИЈА - Се преврте автобус полн туристи, шест лица загинаа, 25 повредени (ФОТО)

Според првичните информации, најмалку шест лица загинале, а 25 се повредени кога автобус со туристи се превртел во централната турска провинција Аксарај.

Министерот за правда на Турција Јилмаз Тунч потврди дека е покрената истрага, пишува весникот „Хуријет“. Тој рече дека три обвинители работат на случајот.

Очевидци на несреќата велат дека автобусот се движел со голема брзина и дека возачот изгубил контрола над возилото пред да се преврти.


Гувернерот на провинцијата Мехмет Али Кумбузоглу изјави дека туристичкиот автобус превезувал патници од западната провинција Баликесир до регионот Кападокија, популарна туристичка дестинација во централна Турција.

„Повредените се итно пренесени во болница. Покрената е истрага за несреќата“, рече тој.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести