Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНА ГЛЕТКА: БРОД ВО ПЛАМЕН, ИСЧЕЗНАТИ ТУРИСТИ: Драматична снимка од патувањето кое се претвори во пекол (ВИДЕО)

СТРАШНА ГЛЕТКА: БРОД ВО ПЛАМЕН, ИСЧЕЗНАТИ ТУРИСТИ: Драматична снимка од патувањето кое се претвори во пекол (ВИДЕО)

Тројца британски туристи се водат како исчезнати откако избувна пожар на бродот за време на крстарење во Црвеното Море во Египет.

Други 24 лица, меѓу кои 12 Британци, се спасени од бродот Ураган, кој се наоѓал во близина на брегот, соопштија властите.

Оттаму додаваат дека причина за пожарот најверојатно е неисправност на електричните инсталации.

Се наведува дека на бродот имало петнаесет туристи, двајца водичи и десет членови на екипажот.

Спасените патници се во добра здравствена состојба.

Црвеното Море е познато како Мека за љубителите на нуркање каде туристите можат да видат прекрасни корали и ајкули.

Затоа, ова е лоша вест за локалната туристичка заедница, која најмногу зависи од британските туристи.



Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести