Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАСОВОД ВО ОКЛАХОМА: Пламенот може да се види на оддалеченост од 50 километри

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАСОВОД ВО ОКЛАХОМА: Пламенот може да се види на оддалеченост од 50 километри

Голема експлозија на гасовод се случила во американската сојузна држава Оклахома, јавуваат новинските агенции и порталите.

Експлозијата се случила во 21:45 часот во вторник по локално време (4:45 часот по средноевропско време) во округот Бивер, објави ABC News на својата веб-страница.

 Според противпожарната служба, пламенот достигнува висина од 150 метри и е толку голем што може да се регистрира и од сателити.

На терен се бројни противпожарни единици. Но, противпожарните екипи се на „безбедно растојание“ додека гасот не се исклучи, наведува ABC.


Како што пишува БНО, пламените јазици се гледаат на оддалеченост од околу 50 километри.

Во овој момент не се знае дали има жртви, ниту како дошло до експлозијата.

На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа пожарот.





Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести