Економија, финансии, бизнис

Контакт

Страшна бегалска трагедија – 40 лица, меѓу кои и деца, се удавија на пат кон Италија

Страшна бегалска трагедија – 40 лица, меѓу кои и деца, се удавија на пат кон Италија

Околу 40 луѓе, вклучувајќи и 7 деца, загинаа, обидувајќи се да стигнат до италијанскиот брег од Либија. Оваа информација ја соопшти невладината организација „Save the Children“.

Организацијата вели дека околу 80 лица се спасиле по брегот на Сицилија, а некои од нив раскажале за трагедијата, како нивниот брод потонал.

Најверојатно трговскиот брод ги забележал и соопштил на крајбрежната стража и спасувачките екипи, како германски брод кој учествува во спасувачката мисија на ЕУ во Средоземното Море, ги повлекол и спасил се до брегот.

Загинатите се претежно од Сенегал, Мали и Бенин.

Од почетокот на годината, 80 000 мигранти стигнале до италијанскиот брег. Горе-долу ист е бројот и на успешните да стигнат до Грција.

Во најтешкиот инцидент, околу 800 лица се удавија во април оваа година, кога нивниот брод се преврте надвор од либиските територијални води, заробени од шверцери; неколку дена порано, други 400 лица загинаа во Средоземното Море.

Слично

Поврзани вести