СТРАШЕН СИГНАЛ, ПРЕДУПРЕДИ ШОКИРАН ТАТКО: Три дена по ред наоѓа црна везица на возилото на ќерка му
Кога три утра по
ред пронашол чудна работа на бравата од автомобилот на својата ќерка, а потоа
дознал што значи тоа, еден татко решил веднаш да ги предупреди сите жени на
големата опасност.
- Не ми е грижа дали се согласувате со моите видеа или не. Но, дефинитивно сакам да обрнете внимание на ова – објави таткото на својот профил на TikTok.
Неговата ќерка, објасни тој, често ја напушта работата во 3 часот наутро во голем град, а потоа мора да вози повеќе од еден час за да се врати дома.
- Ова е трето утро по ред како најдов едно нешто на нејзиниот автомобил на точно на истото место. Задната совозачка врата. Не знаев што е тоа, само го извадив. Утрово кога повторно го најдов истото, ја прашав ќерка ми за што се работи - вели таткото држејќи црна пластична везичка во раката.
@boogeyman0302 original sound - Boogeyman0302
Ќерката му му кажала на својот татко дека не знаела дека везицата е таму, а кога тој подоцна му кажал на својот брат кој работи во полиција што нашол, малку е да се каже дека бил шокиран.
- Тој стана многу тивок и ми рече: Што рече?! Му повторив, а тој додаде: „Слушај човеку, трговците со луѓе кои киднапираат жени така ги обележуваат нивните автомобили. Обично е тешко да се забележи, но луѓето кои се занимаваат со тоа знаат точно што значи тоа. Ова е сигнал до оние кои киднапираат жени за сексуално ропство - вели таткото.
Затоа решил да ги предупреди сите жени да ги проверат своите автомобили откако ќе ги остават на паркинг, да ја бараат црната везичца и веднаш да ја отстранат.
