Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШЕН ПОЖАР ВО МИЛАНО, ОГНОТ ПЕПЛОСА ЦЕЛА 15-КАТНИЦА: Сите противпожарни екипи на терен, 70 семејства евакуирани

СТРАШЕН ПОЖАР ВО МИЛАНО, ОГНОТ ПЕПЛОСА ЦЕЛА 15-КАТНИЦА: Сите противпожарни екипи на терен, 70 семејства евакуирани

Голем пожар се случи попладнево во јужните предградија на Милано. Целосно изгоре зграда од 15 ката, пренесуваат италијанските медиуми.

На терен има итни служби, пожарникари и амбулантни возила. Првиот извештај за пожарот до пожарникарите пристигнал во 17:36 часот, а зградата наскоро цела е зафатена во пламен. Медиумите јавуваат дека семејствата се евакуирани.

Од далечина од неколку километри можеше да се види огромен облак чад, а снимката што се појави на социјалните мрежи покажува дека зградата целосно изгорела.

Дали останал некој во зградата во која живеат најмалку 70 семејства, која беше проголтана од пожарот за краток временски период, се уште не е познато.


Слично

Поврзани вести