Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШЕН НАПАД ЗА ВРЕМЕ НА РОДЕНДЕН НА ДЕТЕ! Алигаторот ја зграпчи хранителката за рака, а потоа ја повлече во неговиот базен! (ВИДЕО)

СТРАШЕН НАПАД ЗА ВРЕМЕ НА РОДЕНДЕН НА ДЕТЕ! Алигаторот ја зграпчи хранителката за рака, а потоа ја повлече во неговиот базен! (ВИДЕО)

За време на роденденската забава на едно дете во центар за рептили во Јута, се случи вистинска драма кога алигатор зграпчи жена за рака и ја одвлече во неговото живеалиште.

Во страшната борба со животното присуствувале деца, а жената била спасена од вилиците на алигаторот.

Линдзи Бул, која работи во центарот, морала да се бори со алигатор кој ја фатил за рака пред гостите за време на детска роденденска забава, пренесува Sky News.


На крајот била спасена од алигаторот, откако посетителот Дони Вајсман скокнал во водата и се качил на животното. Видеото е прегледано од милиони на Твитер, но сепак вработените меѓу кои и Бул и сопственикот на центарот за рептили велат дека ништо не треба да му се случи на алигаторот како резултат на нападот.

Бул, кој успеа да се спаси и да не ја изгуби раката по операцијата, рече: "Ќе се бориме колку што можеме за да го задржиме. Се додека тој е под наша грижа, тоа е наш избор, нема да има никакви последици. Тој само правеше што прават животните...“

Слично

Поврзани вести