Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАОТНИ ПОДАТОЦИ: Меѓу исламистите во Франција 2.000 деца

СТРАОТНИ ПОДАТОЦИ: Меѓу исламистите во Франција 2.000 деца

Француската полиција наведува дека од 15.000 исламисти колку што има во земјата, 2.000 се деца. 

Од нив најмладото дете има само 11 години. Оваа база на податоци е направена во март лани откако се случи нападот на Шарли Ебдо и нападот во еврејска продавница во Париз, при што беа убиени 17 луѓе. 

Но, тоа не го спречи нападот во Париз кога беа убиени 130 лица во ноември лани и нападот во Ница кога беа прегазени 86 луѓе во јули годинава. 

Од декември 2014 година во земјата имало 21 напад. 

Луѓето кои се на оваа листа живеат во предградијата на градовите, или се деликвенти, корисници на дрога и алкохол. 

Претежно се машки лица од 18 до 25 години. 

Од јануари се уапсени 355 луѓе поради поврзаност со терористички мрежи. 




Слично

Поврзани вести