Страотна несреќа во Турција: Загина несудениот напаѓач на Партизан
Во страотна сообраќајка која се случи вчера во Турција загина чешкиот фудбалер Јожеф Фурал. Автобусот во кој се превезувале осум фудбалери на турскиот прволигаш Аланија се превртел и со повреди се здобиле сите патници. Фурал имаше 29 години и според најавите требаше да заигра за белградски Партизан.

Аланија синоќа играше против Казјери (1-1), по што тренерот има дал два слободни дена. Седумина фудбалери, Стивен Колкер, Папис Сисе, Баиано, Џалма, Ајзак Секи, Велинтон и несреќниот Шурал одлучиле да изнајмат минибус и да се вратат во Аланија која е на 570 километри оддалеченост.
Слично
