Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странците се послабо инвестираат во Индија

Странците се послабо инвестираат во Индија
Странските директни инвестиции во Индија се намалени во декември за 19 отсто на 1,1 милијарда долари, задавајќи удар на владата која се обидува да привлече средства неопходни за модернизација на застарената инфраструктура во земјата. На Индија и е потребно да привлече околу билион долари во следните пет години за да ја обнови старата инфраструктура, вклучувајќи ги и пристаништата, аеродромите и автопатите, со цел за поттик на паднатиот стопански раст. Во декември во 2011 таа земја привлече СДИ во вредност од 1,35 милијарди долари. Во осум месеци заклучно со декември 2012, приливот на странски инвестиции е намален за 42 отсто на годишно ниво, на 16,94 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести