Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странците навалија за германски пасош – Германија ги „заострува“ критериумите

Странците навалија за германски пасош – Германија ги „заострува“ критериумите

Бројот на странските државјани кои добиле германско државјанство минатата година, е намален, иако бројот на барањата за издавање на германски пасош, поднесени од државјани на земји од Централна и Источна Европа се зголемил.

Околу 107 200 странци добиле германско државјанство во 2015 година, што е за 1,1 проценти пад во споредба со 2014 година, соопшти денеска германската Сојузна статистичка служба.

Странци од Централна и Источна Европа водат по бројот на молбите за германско државјанство. На прво место се Украинците. Минатата година има зголемување за 32,6 проценти на натурализирани Украинци.

Сиријците кои сакаат германски пасоши, исто се зголемија минатата година со 11,2 проценти во споредба со 2014 година.

Бројот на Турците, натурализирани во Германија лани се намалил за 12,4 проценти во споредба со претходната година.

Слично

Поврзани вести