Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАНСКИТЕ БОРЦИ ПОДГОТВЕНИ ЗА ОДБРАНА НА СЕВЕРОДОЊЕЦК: Ако го заземат Русите ќе имаат контрола врз цел Луганск

СТРАНСКИТЕ БОРЦИ ПОДГОТВЕНИ ЗА ОДБРАНА НА СЕВЕРОДОЊЕЦК: Ако го заземат Русите ќе имаат контрола врз цел Луганск

Руските сили и украинските бранители со денови жестоко се борат за Северодоњецк, клучниот град во источна Украина. Ако Северодонецк падне во руски раце, тоа ќе значи дека Русите ја презеле контролата врз целиот регион Луганск.

На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое, според Скај њуз, се гледа како странските борци пристигнуваат во Северодонецк за да се борат рамо до рамо со украинските бранители.

Инаку, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека руските сили сега го контролираат речиси целиот источен регион на Украина, пренесува Би-Би-Си.

„Ослободен е 97 отсто од регионот Луганск“, рече Сергеј Шојгу на состанокот на Министерството за одбрана, што беше емитуван на државната телевизија.

Вчера, претседателот на Украина Володимир Зеленски, говорејќи на брифинг во Киев, призна дека руските сили имаат нумеричка предност во битката за источниот град Северодонецк, но рече дека украинските сили имаат „секакви шанси“ да возвратат.

ФОТО: Твитер

Слично

Поврзани вести