СТРАНЦИТЕ ОЧАЈНО ЧЕКААТ ЕВАКУАЦИЈА: Судан стана втор Кабул?
Судан станува втор Кабул.
САД, Британија, Јапонија, Франција, Германија и Италија се меѓу државите што го извлекоа својот дипломатски персонал од Судан викендов.
Граѓаните на западните земји што се во Судан од приватни причини треба да поминат 800 колометри кои се крајно опасни и каде има борби. Во неделата беа објавени фотографии од големиот конвој со возила на ОН, кој се упати кон исток од Картум. Француски државјанин е убиен во обидот да се евакуира откако конвојот бил нападнат. За многу странски државјани, спасот чека на брегот: Саудиска Арабија веќе ја изведе својата прва успешна воена евакуација од Судан со воен брод, на кој, освен свои граѓани, евакуира и 66 луѓе од други нации, вклучувајќи ги Кувајт, Катар, ОАЕ, Египет, Тунис, Пакистан, Индија, Бугарија, Бангладеш, Филипини, Канада и Буркина Фасо.
Во Судан има најмалку 4.000 британски граѓани, од кои 1.000 побарале помош за евакуација. Поради борбите, комуникацијата е исклучително тешка.Сепак, нема македонски државјани кои побарале помош за евакуација во Судан. Борбите во Судан ги загрижуваат и соседните држави. Суданците очајнички бараат начини да избегаат од хаосот и стравуваат дека двајцата ривалски генерали би можеле да ја засилат својата борба за власт. Како што објави Светската здравствена организација (СЗО), во борбите, главно во главниот град Картум и Дарфур на запад, загинале над 420 луѓе, а 3.700 се повредени.
